Луѓето чекаат и по два часа за да запишат некој збор во книгата на жалоста за „таткото на Загреб“

Вчера беше отворена книга на жалост во седиштето на град загреб за ненадејно починатиот градоначалник Милан Бандиќ, а денеска редица од луѓе кои чекаат да запишат некој збор за „градскиот татко“, пишува Индекс.хр.

Луѓето кои сакаат да остават трага во книгата на жалоста мораат да чекаат и по два часа да дојдат на ред. Досега се пријавија многу политичари и дипломати за запишување.

Пемиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ ја потпиша книгата на жалост по повод смртта на Милан Бандиќ.

-По повод смртта на Милан Бандиќ, долгогодишниот градоначалник на Загреб, упатувам искрено сочувство до неговото семејство и соработниците. Граѓаните на Загреб му дадоа доверба на Милан Бандиќ да биде градоначалник шест пати, а по две децении работа тој остави зад себе бројни проекти кои придонесоа за развојот на Загреб и неговата препознатливост. Во изминатите пет години, како премиер, соработував со градоначалникот и го поддржувавме развојот на хрватската престолнина, пишува Пленковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e