Кралицата Елизабета II во вонредното обраќање до нацијата порача: “Ќе успееме!”

Британската кралица Елизабета II вчера имаше вонредно обраќање до нацијата каде повика на сплотеност во борбата против непријателот, односно пандемијата со коронавирусот.

Кралицата многу ретко има вакви обраќања, а традиционално се обраќа само на Божиќ и по повод формирање на нов парламент.

“Сите заедно се справуваме со оваа болест и сакам да ве уверам дека доколку останеме сплотени и решителни, ќе ја победиме болеста” – изјави британската кралица.
“Се надевам дека во годините што следат секој од нас ќе биде во состојба да се гордее на начинот на кој одговорил на овој предизвик.”
На видео пораката снимена во замокот Виндзор, кралицата им се заблагодари на сите кои се наоѓаат на првата борбена линија во борбата против коронавирусот.
Кралицата повика на единство со зборовите “Ќе успееме”!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e