Крадци во Полска украле вакцини против Ковид-19

Првата кражба на вакцини против коронавирусот е регистрирана синоќа во Полска, кога непознати крадци упаднале во центарот за вакцинација во Илово-Осада на север на државата и ги украле сите вакцини што биле во фрижидер, односно три шишиња со 18 дози.

– Провалата и кражбата ги откри вработен во центарот. Скршен е прозорец. Утврдено е дека се украдени три шишиња вакцина против коронавирусот – вкупно 18 дози, изјави за телевизијата Полсат портпаролот на локалната полиција, Јустина Новицка.

Во Илово-Осада живеат околу 3.000 луѓе и крадците ги украле вакцините за најстарите жители на кои веќе им е даден датум за вакцинација, па морале да го одложат, пренесе полското радио РМФ ФМ.

Полска почна со вакцинација, како и остатокот од Европската унија на 27 декември, а од понеделникот ги вакцинира најстарите генерации на Полјаци кои аплицирале за вакцинација.

Досега, според денешните податоци на полското Министерство за здравство, вакцинирани се 905.500 лица, од кои 123.000 се вакцинирани со втората доза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e