Коалицискиот договор меѓу Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово ќе се потпише во понеделник

Коалицискиот договор меѓу Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) ќе биде потпишан во понеделник, 2 декември.

По денешната средба меѓу претседателот на Самоопределување Албин Курти и Иса Мустафа од ДСК, објавено е дека двете партии целосно ја усогласиле агендата на идната косовска Влада.

Исто така беше најавено дека одговорностите за управување ќе бидат споделени во наредните денови, „со разјаснување на ставовите и барањата на двете страни“.

– Претседателот на Самоопределување Албин Курти и претседателот на ДСК, Иса Мустафа денеска одржаа средба во Собранието на Косово. Состанокот заврши со стопроцентно усогласување на програмата за управување и договор за сите отворени прашања, соопшти Самоопределување.

– Од двата различни начини на владин кабинет со 12 министерства кои ги понудија работните тимови на нашите два субјекти, Курти и Мустафа се одлучија за првата верзија. Следниот чекор ќе биде изборот на одговорностите во заедничкото управување, за кое се разјаснети позициите и барањата. Значи темата е отворена и дефинирано е начелото на решението кое на крај ќе биде заклучено со со договор во понеделник, соопшти Самоопределување на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e