Јавниот превоз во Стразбур ќе биде бесплатен за лица под 18 години

Властите во Стразбур планираат од 1 септември годинава да воведат бесплатен јавен превоз за жителите под 18 години, објави „Паризиен”.

Како што пренесува, околу 80.000 луѓе ќе можат да го користат бесплатниот превоз.

Оваа мерка е воведена, меѓу другото, за да се намали количината на емисии на јаглерод диоксид во центарот на градот.

Според весникот, властите очекуваат дека по воведувањето на бесплатниот превоз родителите нема да мораат често да ги возат своите деца во сопствените автомобили.

За да ја користат оваа мерка, жителите под 18-годишна возраст треба да поднесат документ со адреса на живеење со кој се потврдува дека се жители на градот.

Властите сметаат дека на овој начин семејствата со две деца можат да заштедат до 550 евра годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e