Исповед на таткото на киднаперот од Малча: Се срамам од својот син

Дваесет и две години затвор не помогнале Нинослав да се поправи, но никогаш и нема. Срам ми е. Не сакам да слушнам за него – рекол таткото на берберот од Малча за српските медиуми, кој не сакал да биде фотографиран, но ниту да го каже јавно своето име.

Нинослав Јовановиќ на 20. декември извршил последно киднапирање. Тогаш на пат до дома од училиште ја киднапирал 12-годишната Моника Каримановиќ. Девојчето за среќа било пронајдено после 10 дена потрага. Злосторство какво Србија не памети.

-Го пријавив неговото исчезнување уште во јули. Оттогаш го немам видено, слушнав дека се шета наоколу, но не знам ништо повеќе од тоа. Кога слушнав дека ја киднапирал Моника се загрижив само за тоа дете. За него не. Ништо што има врска со него не ме интересира. Тој е голем товар кој го носиме на плеќите – рекол Јовановиќ за „Новости.рс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e