Ердоган: Ако падне легитимната Влада на Либија ќе зајакне исламистичкиот тероризам

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека ако падна либиската Влада, што има поддршка од Обединети нации, ќе зајакне исламистичкиот тероризам.

– Европа ќе се соочи со нови низа проблеми и закани ако падне легитимната либиска Влада, напиша Ердоган во текст за порталот „Политико“.

Тој наведе дека терористичките организации како Исламска држава и Ал Каеда ќе имаат корист од тоа.

– Организациите што беа воено поразени во Сирија и во Ирак ќе најдат плодна почва повторно да застанат на нозе, потенцира Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e