Децата во Словенија се вратија во градинките и училиштата

Во Словенија денеска децата се вратија во градинските, а дел од учениците почнаа со настава, јави дописникот на МИА од Љубљана. Градинките во кој важат строги правила со цел спречување на ширењето на коронавирусот од утрово ги отворија вратите за децата, кои повеќе од два месеца беа дома.

Повторно работат и училиштата, но само за учениците од прво, второ, трето и девето одделение. Според словенечкото Министерството на образование, утрово во училиште дошле вкупно 64.497 ученици, односно 34,5 отсто од вкупниот број основци во земјата.

Од денес отворени се и установите за престој и образование на деца со посебни потреби.

Инаку, според одлуката на Националниот институт за јавно здравје, наставниците и предавачите ќе мораат да носат заштитни маски, а просториите треба комплетно да се дезинфицираат неколкупати во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e