Чистењето на Белата куќа по заминувањето на Трамп чинело најмалку 127.000 долари

Белата куќа има 132 соби, 35 бањи, 412 врати и 28 камини, а големата акција на чистење била спроведена пред да се вселат Џо и Џил Бајден.

Според владините договори објавени од „Њузвик“, чистењето чинело најмалку 127.000 долари. За тоа се погрижила службата за чистење „Дидлејк“ која вработува лица со попреченост, пренесува „Себиз“.

„Си-ен-ен“ наведува дека вкупните трошоци за чистење може да достигнат дури половина милион долари. „Си-ен-ен“ открива посебни договори, вклучително и договор со компанија за услуги за дезинфекција од Ковид-19 во Белата куќа, што чини околу 29.000 долари.

Другите договори, за коишто не е конкретно кажано дека се поврзани со доаѓањето на семејството Бајден, вклучуваат дополнителни 44.000 долари за чистење килими, 115.000 за обнова на подот и 30.000 за чистење завеси, пренесува „Си-ен-ен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e