Борис Џонсон хоспитализиран, Трамп со поддршка: “Сите Американци се молат за тебе!”

Британскиот премиер Борис Џонсон во недела беше префрлен во болница бидејќи симптомите на КОВИД-19 не ослабуваат, дури 10 дена откако му беше потврдено присуството на коронавирусот.

Хоспитализацијата е направена на барање на неговиот доктор како “чекор на претпазливост”, а Џонсон сèуште останува на чело на владата и ги следи сите нејзини  активности.

Џонсон има 55 години, a на 26 март влезе во карантин во резиденцијата на Даунинг Стрит откако му беше дијагностициран КОВИД-19, меѓутоа тој продолжи да ги извршува редовните активности. Во петокот, Џонсон испрати порака во која рече дека се чувствува подобро, меѓутоа сèуште има треска.
Американскиот претседател Доналд Трамп  на редовниот брифинг за пандемијата во неделата го поздрави и охрабри Џонсон со зборовите: “Сите Американци се молат за тебе!” – изјави Трамп во таа прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e