Бајден ја укина забраната трансродови лица да служат војска

Претседателот на САД, Џозеф Бајден денеска ја поништи контроверзната одлука на неговиот претходник Доналд Трамп да им забрани на трансродовите лица да служат војска доколку им треба медицински третман.

Во присуство на министерот за одбрана Лојд Остин и началникот на Генералштабот Марк Мили, Бајден потпиша указ дека „сите Американци квалификувани да служат во американската војска ќе можат да го сторат тоа“.

Претходниот претседател Трамп во 2017 година им забрани на трансродовите лица да служат војска поради „огромни медицински трошоци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e