150 смртни случаи од коронавирусот во Русија

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 150 смртни случаи од новиот коронавирус, што е најголем број на починати во еден ден во земјата, соопшти Штабот за превентивни операции против епидемијата на Ковид-19.

Според податоците на штабот, дневниот пораст се намали од 2,9 отсто на 2,8 отсто.

Бројот на заболени лица во последното деноноќие изнесува 8.894, што е седми ден по ред под 10.000 лица.

Вкупниот број на заразени лица со коронавирус во Русија е 326.448, а починати се вкупно 3.249 лица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e