Вонредна состојба во западна Грција поради циклонот Јанос

Во западна Грција е прогласена вонредна состојба поради приближувањето на моќниот медитерански циклон Јанос.

Црвен код е прогласен поради налети на силен ветер, грмотевици и поројни врнежи од дожд.

Циклонот се приближува кон јужниот дел на Грција.

Според грчки медиуми, се формирало дури и „око“, што е повеќе типично за тропските циклони.

Најпогодени ќе бидат западните делови на јужна Грција до Патра, и до Пелопонез. Количината на дожд таму се очекува да биде над 200 литри на метар квадратен, а ветровите – до околу 150 км на час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e