23-годишник од Ранковце уапсен во Кратово – ова е причината

На 20.07.2026 во 11:25 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.(23) од Ранковце. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле мотоцикл, при што било констатирано дека А.М. го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e