Во Словенија денеска најмногу заразени во последните пет месеци

Според податоците на словенечките власти, во последните 24 часа се регистрирани 55 нови случаи на коронавирусот, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заразени во последните пет месеци.

Во изминатото деноноќие тестирани се 1.608 луѓе, а едно лице починало.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за 26, а двајца пациенти вчера излегле од болница.

Вкупно четворица пациенти се лекуваат на интензивна нега, еден повеќе од вчера.

Во Словенија од почетокот на епидемијата се заразени вкупно речиси 3.000 луѓе, а 134 починале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e