Во рок од еден месец од корона починало цело семејство

Мајка, татко и нивните две ќерки од Тексас починале од коронавирус за помалку од еден месец.

Според „Метро“, најстарата ќерка на Ангелика Баутиса починала прва на 49-годишна возраст. Тоа било на 14 јули. Потоа, на 31 јули почина 70-годишната мајка. Само три дена подоцна, на 3 август, почина 37-годишната ќерка Марисол. Таткото на семејството, 75-годишниот Абелардо Баутиса, починал на 11 јули.

“Се чинеше дека таткото се опоравува од короната. Со него ситуацијата беше во ред. Мислевме дека се опоравува, но загубата на тројцата најблиски, го повлече на дното. На крајот, тој исто така почина”, рече Џери Баутиса, синот кој исто така имал коронавирус, како и неговата сопруга.

“Во еден момент плачев цело време, а потоа кога татко ми почина, јас пропаднав. Тоа беше ужасен шок”, изјави Гери за локалната телевизија.

Гери поминал неколку дена во болница поради короната, но успеал да се опорави. „Секојпат кога кашлав, имав чувство дека некој ми ги притиска белите дробови“, рече тој.

„Сите се заразени, а мртвите се само статистика и бројки. Но, тие се човечки суштества. Не треба да зборуваме само за бројки. Треба да кажеме за мртвите дека биле нечии татковци, мајки или деца …“, додаде Гери на крајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e