(ВИДЕО) Објавена снимка од авионот во кој е затруен Навални, се слуша како лелека од болка

Рускиот опозициски лидер Алексеј навални заврши на респиратор, откако испил чај со којшто се претпоставува дека бил затруен. Во медиумите се појави снимка од авионот со којшто Навални летал од Томск кон Москва, а кој итно слетал во Омск, затоа што Навални се разболел, а се претпоставува дека е отруен.
Како што се наведува, него одеднаш му се слошило откако пиел чај пред летото.

На снимките се слуша како Навални лелека од силна болка.

„Навални во моментов е на одделението за интензивна нега, каде се вршат сите потребни физички прегледи“, се наведува во соопштението на Владата на регионот Омск.

Владата потврди дека авионот „С7 ерлајнс“ итно слетал денес на аеродромот во Омск.

Претходно, портпаролот на Антикорупцискиот фонд, Кира Јармиќ, рече дека се претпоставува дека „Алексеј бил отруен со нешто што му истуриле во чајот“. „Тоа беше единствената работа што ја пиеше од изутрина“, вели таа.

Навални е на респиратор и е во бессознание. Главниот лекар на болницата во Омск, Александар Мураховски, за Спутник изјави дека Навални е на интензивна нега и дека неговата состојба е сериозна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e