(ВИДЕО) Маж се самозапали пред зградата на Владата на Белорусија

Триесет и пет годишен маж истури течност и се самозапали пред зградата на Владата во центарот на Минск, во близина на споменикот на лидерот на Октомвриската револуција, Владимир Илич Ленин.

Мажот се наоѓа в болница, откако минувачи и полицајци го изгаснаа огнот користејќи противпожарен апарат, соопшти полицијата.

Засега не е познат неговиот мотив за таквиот потег.

Од претседателските избори на 9 август, во Белорусија се идржуваат протести на опозицијата, чии учесници тврдат дека гласањето било фалсификувано во корист на шефот на државата Александар Лукашенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e