(ВИДЕО) Масовен грабеж во Чикаго, на терен 400 полицајци, уапсени над 100 лица

Стотици луѓе денеска „го нападнаа„ трговскиот дел на Чикаго, каде се сместени голем број брендирани продавници, хотели, ретсорани и луксузни бутици, каде кршеа прозорци, ограбуваа продавници, конфонтирајќи се со полицијата, а во еден момент дури и иницираа престрелка со силите на редот, соопштија локалните власти.

Повеќе од 100 лица беа уапсени заклучно со 9 часот изутрина, по локално време, соопштиначалникот во чикашката полиција Дејвид Браун. Тринаесет полицајци се повредени за време на немирите, меѓу кои и еден наредник кој бил погоден од шише. Еден цивил и еден припадник на приватно обезбедување се повредени од огнено оружје.

Началникот Браун оцени дека станува збор за „чист криминал“, а градоначалничката Лори Лајтфут нагласи дека инцидентот се разликува од „оправданиот бунт“ по смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од страна на полицијата на 25 мај.

– Ова не беше организиран протест. Ова беше чист криминал“, рече Браун на прес конференцијата. – За тоа не може да има некакво оправдување, дополни градоначалничката Лајтфут.

Во немирите повредени се најмалку 13 полицајци. На околу 400 полицајци им биле потребни околу четири часа да ја стават ситуацијата под контрола, при што се приведени околу 100 лица.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од искршени излози и луѓе како бегаат со полни раце стока. Повеќето инциденти се случиле на Авенијата Мичиген, во луксузната трговска зона позната како Величенствена милја.

Масовниот грабеж почнал по објавите на социјалните мрежи во кои се поттикнувало на грабежи во центарот на градот.

Браун посочи дека повикот на социјалните мрежи уследил по тензиите кои избија откако полицајците пукале во вооружено момче. Додека полицијата го испитувала 20-годишниот осомничен, тој побегнал, пукајќи кон полицајците кои го гонеле. Полицајците возвратиле и го погодиле. Тој е во болница и се очекува дека ќе преживее, прецизираше Браун. – По пукањето, се собра народ… Предвечер страстите се разгореја, поттикнати од дезинформации. Поради објавите на социјалните мрежи, во тоа подрачје се испратени 400 полицајци, а беа пречекани од каравани луѓе кои пристигнале со автомобили.

Градоначалничката, исто така, потенцираше дека не се потребни федерални трупи за да воспостават ред во градот.

– Не ни се потребни федерални трупи. Точка. Потребна ни е контрола на оружјето, рече градоначалничката која е од редовите на Демократската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e