(ВИДЕО) Две муслиманки брутално избодени под Ајфеловата кула

Две муслиманки се избодени под Ајфеловата кула во Париз. Француската полиција уапси две осомничени напаѓачки, а медиумите јавуваат дека се работи за расистички напад зошто напаѓачките наводно викале „валкани Арапи“.

Париското обвинителство ги опишало двете осомничени кои се во притвор под обвинение за обид за убиство, кaко „белкињи со европски изглед“.

Нападот се случил откако тензиите во Франција се на високо ниво поради бруталното убиство на професорот Самуел Пати, на кој 18-годишен исламист му ја отсече главата зошто Пати на учениците во рамки на предавањата за слобода на говорот им покажувал карикатури од Мухамед, кого муслиматните го сметаат за пророк.

На социјалните мрежи се прошири снимка на која се слуша како девојка вреска по нападот под Ајфеловата кула.

Жртвите на нападот се идентификувани како Французинки со алжирско потекло, 49-годишната Кенза и Амел, која е две години помлада.

Кенза е избодена најмалку шест пати и заврши во болница со пробиено белодробно крило, а Амел мораше на операција поради повредата на раката, вели извор од истрагата.

Интересно е што нападот се случи во неделата навечер, два дена по бруталното убиство на професорот Пати, но властите веднаш не ги објавија информациите за нападот.
Видеото погледнете го на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e