Украина привремено ги затвора границите, продолжени мерките за карантин

Украина воведе привремена забрана за влез во земјата за повеќето странски државјани до 28 септември и ги продолжи мерките за карантин до крајот на октомври, со цел да се запре неодамнешното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.

Премиерот на Украина, Денис Шмигал на владина седница изјави дека властите утре треба да донесат одлука за тоа дали да забранат одржување на големи јавни собири во септември.

Според најновите податоци од универзитетот Џонс Хопкинс, во Укриана вкупно се потврдени близу 111.000 случаи на Ковид-19, а починале над 2.300 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e