Турски суд изрече десетици доживотни казни затвор за обидот за пуч

Турски суд денеска изрече десетици доживотни казни затвор за неколку од скоро 500 лица, вклучително и неколку воени команданти и пилоти, обвинети за учество во обидот за државен удар во 2016 година од воздушна база во близина на Анкара, јави турската новинска агенција Анадолија.

Агенцијата и други турски медиуми јавија дека 25 пилоти се осудени на доживотен затвор, а четворица цивили биле осудени на по 79 доживотни затворски казни.

Поранешниот командант на воздухопловните сили Акин Озтурк и други од воздухопловната база во близина на Анкара се обвинети за организирање на пучот и бомбардирање на владини институции, вклучително и зградата на Парламентот, во обид за атентат врз претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Анкара за обидот за преврат ги обвинува приврзаниците на Фетула Ѓулен, кој моментално живее во самонаметнат егзил во САД. 79-годишниот Ѓулен, поранешен сојузник на Ердоган, негираше вмешаност во обидот за пуч.

На него и на уште петмина обвинети им се суди во отсуство.

За учество во обидот за воен преврат обвинети се 475 лица, додека 365 се во притвор.

Во обидот за пуч на 15 јули 2016 година бие убиени повеќе од 250 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e