Турција: До две години затвор за заразените со Ковид-19 кои ќе дадат неточни податоци за нивните контакти

Затвор од три месеци до две години им се заканува на заразените со Ковид-19 во Турција, кои даваат неточни или нецелосни податоци во изјавите за нивните контакти, јавува Анадолија.

Турското Министерство за внатрешни работи испрати циркуларно писмо до окружните администрации на земјата со барање да се преземат активности согласно турскиот кривичен законик во случаи кога се дава лажна изјава или неточни податоци. Членот 206 од турскиот кривичен законик предвидува затвор од три месеци до две години или парична казна за оние кои поднесуваат лажна изјава до одговорните државни органи.

Во исто време, венсикот „Хуриет“ пишува дека поради зголемениот број случаи на Ковид-19 во земјата, турската влада планира дополнително да ги заостри мерките за оние што ги кршат карантинските правила, повикувајќи се на друг член од кривичниот законик. Според член 195, секој што не ги почитува карантинските мерки може да биде осуден на казна затвор од два месеци до една година.

Засега, сепак, не се размислува за враќање на полицискиот час во Турција, додаде весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e