Синдикалната кошница во јули 68.498 денари, за семејство со кирија потребни над 83 илјади

И покрај минималното намалување во однос на претходниот месец, трошоците за основните животни потреби и понатаму остануваат високи. Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2026 година изнесува 68.498 денари.

Во споредба со јуни, кошницата е намалена за 156 денари, но четиричлено семејство и натаму има потреба од значителни средства за покривање на основните месечни расходи, објави 4news.mk

Доколку во пресметката се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребниот месечен износ се зголемува на 83.873 денари.

Најголем дел од семејниот буџет повторно одвојува за храна и пијалаци. За оваа ставка во јули се потребни 25.012 денари, што претставува 36,5 проценти од вкупната синдикална кошница.

Следни на листата се трошоците за образование со 7.192 денари или 10,5 проценти, облеката и обувките со 6.511 денари (9,5 проценти), како и трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење со 6.379 денари (9,3 проценти).

За рекреација и култура се издвојуваат 5.592 денари, за транспорт 5.041 денар, додека за комуникации се потребни 3.677 денари месечно.

Во останатите категории, трошоците за ресторани и хотели изнесуваат 4.131 денар, за лична хигиена и одржување на домот 2.667 денари, за здравје 1.196 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.

Од ССМ посочуваат дека пресметката се однесува на четиричлено семејство без автомобил и ги опфаќа основните трошоци потребни за нормално функционирање во текот на еден месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e