Стејт департментот објави обемен извешај за основите на руската дезинформација и пропаганда

Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) при американскиот Стејт департмент синоќа објави извештај на 77 страници насловен „Столбовите на екосистемот на руската дезинформација и пропаганда“.

Извештајот опишува наводно, како работи и какви средства за комуникација користи руската пропаганда и дезинформација.

Според ГЕЦ, петте столбови на руската пропаганда се следните: Официјални владини комуникации како Кремљ, МНР, официјалните владини налози во социјалните мрежи; меѓународиониот етер како државно финансираните медиуми чија цел се домашна и странска публика и меѓународните социо-културни институции; развој на прокси-ресурси како центри за јазици и распространување наративни информации; користење на социјалните мрежи како оружје; дезинформација во кибер просторот.

Се истакнува дека сите пет столбови се координираат за создавање на мултиплициран ефект во медиумите. Се опишува како „прокси-ресурсите заемно дејствуваат еден со друг, го повишуваат нивото на штетни содржини и создаваат илузија на доверба“.

-Иако дезинформацијата на Русија претставува закана сама по себе, таа не останува незабалежана. Владата на САД, владите на нашите сојунзици и парнтери… нема да седат со скрстени раце додека Русија ги злоупотребува соверемените алатки за комуникација… Центарот ќе продалжи да ја разобличува дезинформацијата подготвена, очигледно од Русија и од други злонамерни субјекти, се вели во синоќешното соопштение на Стејт департментот по повод објавата на извештајот.

За извештајот синоќа се обрати и државниот секретар Мајк Помпео на брифингот за новинарите, откако објави 10 милиони долари награда за корисни информации за подинци и групи кои, раководени од странски држави, се обидуаат да се вмешат во американските избори.

Американските власти ја обвинуваат Русија, започнувајќи од 2016 година, дека постојано се меша во изборите во САД и поради ова досега воведија низа од санкции против разни руски лица и компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e