Силен земјотрес во Грција, 6.7 степени според првичните проценки

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамикиот институт на грчката Национална опсерваторија епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северозападно од грчкиот остров Самос.

Епицентарот е во близина на турското крајбрежје, но земјотресот беше почувствуван речиси во сите делови на Грција и во Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e