Русија првата серија вакцина против Ковид-19 и ја испрати на Белорусија

Русија ја испрати првата серија од својата вакцина „Спутник V“ против Ковид-19 во Белорусија на клиничко испитување, што е прва испорака во странство, соопшти денеска Рускиот Фонд за директни вложувања (РДИФ), суверен фонд на Русија.

Доброволци во Белорусија ќе почнат да ја примаат руската вакцина од 1 октомври, соопшти РДИФ, кој е поддржан од творците на вакцината.

Рускиот државен инвестициски фонд веќе постигнал договори за набавка на руски вакцини со Казахстан, Бразил и Мексико.

Претходно, исто така, беше постигнат договор за партнерство во производство на 300 милиони дози вакцина „Спутник V“ во Индија.

Големи клинички испитувања, односно третата фаза, со најмалку 40.000 учесници, Русија започна на 26 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e