Русија потврди дека вакцината против Ковис-19 има несакани последици

Еден од седум волонтери кои ја примиле руската вакцина против коронавирусот имале несакани ефекти, објави Министерството за здравство на Русија.

Од над 300 волонтери кои учествуваат во трифазното испитување на вакцините, 14 проценти се пожалиле на здравствени проблеми по приемот на вакцината “Sputnjik V”.
Симптомите што ги доживеале откако им била инјектирана руската вакцина за корона, вклучуваат болки во мускулите, исцрпеност и треска.

„Овие се очекуваните несакани ефекти и обично исчезнуваат за еден ден, најмногу за еден и пол ден“, рече министерот за здравство Микаил Мураско.

„Спутник V“ е прва вакцина во светот против вирусот корона и беше претставена на 11 август.

Русија најави дека ќе покани волонтери да ја примат оваа вакцина, а тие први ја примија минатата недела, пренесува „Русија денес“.

На волонтерите им е дозволено да инсталираат апликација преку која ќе пријават здравствени проблеми по приемот на вакцината.

Голема прашина се крена поради руската вакцина, а многумина го критикуваа фактот дека се применуваше пред очекуваниот и вообичаен курс на тестирање за безбедност и ефикасност. И покрај овие критики, влијателните медицински списанија објавија студии кои покажуваат дека е 100% ефикасен и дека сите 76 учесници на првиот тест развиле антитела кон короната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e