Расте бројот на загинати и повредени во земјотресот во Турција

Во земјотресот со јачина од 6,6 степени што се случи на отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир, загинаа 6, додека повредени се 202 лица, јави агенцијата Анадолија.

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.

– Според информациите добиени од Координативниот центар за здравство и катастрофи, загинаа шест граѓани, додека 202 граѓани се повредени, се вели во соопштението.

Дирекцијата на АФАД испрати итна помош од три милиони лири кои ќе бидат искористени во работите во ова подрачје.

– Три мобилни координативни шлепери од Сакарја, Бурса и Афјон се испратени во подрачјето, се додава во соопштението на АФАД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e