Околу 700 лица приведени за 24 часа во Белорусија поради неодобрени митинзи

Белоруската полиција уапси околу 700 луѓе во изминатите 24 часа за учество во неовластени митинзи, објави белоруското Министерството за внатрешни работи, пренесува ТАСС.

„Околу 700 лица се приведени за учество во неовластени масовни собири. Превирањата во земјата не се толку масовни, но нивото на агресија полицијата останува високо“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, белорускиот Истражен комитет се обрати до граѓаните барајќи помош во потрагата по координаторите на учесниците на масовните немири, новинската агенција БелТА, цитирајќи ги претставници на агенцијата.

„При прегледот на снимките за видео надзор, истражителите дошле до заклучок дека координаторите професионално ја организирале толпата и ги поттикнале граѓаните на агресивни активности“, посочија претставници на истрагата.

Комитетот исто така објави дека имало вметнати луѓе во толпата кои го поттикнувале насилството врз полицајците и испровоцирале примена на присилни мерки, а тие самите за време на овие акции стоеле подалеку од местата на конфронтација меѓу граѓаните и интервентната полиција.

Поради тоа, Истражниот комитет јавно побара очевидци на овие настани.

„Ако имате видео снимки или фотографии од овие лица или ако поседувате информации важни за истрагата за идентитетот на поттикнувачите и на координаторите, ве молиме известете ги службите во Дирекцијата на Истражниот комитет во Минск“, истакна комитетот.

„Само заедно сме во состојба да престанеме со масовните превирања, да осигураме безбедност за сите и да го вратиме мирот во нашата родна земја“, велат од агенцијата.

Белорусија одржа претседателски избори на 9 август. Според првичните резултати обезбедени од белорускиот Централен изборен комитет, актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, доби 80,08 отсто од гласовите.

Светлана Тихановскаја, која важеше за негов главен противник, се најде на второ место со 10,09 отсто. Таа изјави дека не ги признава овие резултати, сметајќи дека е избрана за шеф на државата и поднесе жалба до Централниот изборен комитет.

Откако беа објавени резултатите од излезните анкети вечерта на 9 август, во центарот на Минск и другите региони во земјата избувнаа протести, што доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Протестите продолжија на 10 и 11 август. Како резултат на тоа, беа приведени неколку илјади луѓе, а повредени се десетици полицајци

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e