Нов напад во близина на американска воена база во Ирак

Ирачката армија синоќа соопшти дека три ракети погодиле област крај аеродромот во Багдад во близина на воена база каде се сместени американските војници, што е уште едно во низата напади врз американските цели во таа земја оваа недела.

Во соопштението се наведува дека во инцидентот нема жртви.

Во изминатите недели се регистрирани најмалку пет напади врз американски интереси во Ирак, вклучително и два бомбашки напада врз конвои што превезувале материјали за бази во кои се сместени американски војници.

Вашингтон ги обвинува милициите поддржани од Иран за такви напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e