Нов гаф на Трамп: Руски мигови претставени како сили на САД

Во реклама за собирање средства за претседателската кампања на Доналд Трамп била искористена фотографија на руски борбени авиони и оружје, информира „Гардијан“ додавајќи дека тоа било објавено со покана до гледачите да ги „поддржат нашите трупи“.

Рекламата, која оттогаш е отстранета, ја направил комитетот „Трамп повторно ја прави Америка голема“, предводен од Републиканскиот национален комитет (РНЦ) и кампањата на Трамп.

На фотографијата се покажани силуети на пет војници за време на зајдисонце, додека над нив летаат три авиони.

Пјер Спреј, кој помогна во дизајнирањето на авионите на американската авијација, за „Политико“ изјави дека авионите што се гледаат на рекламата се „дефинитивно МиГ-29“, а тоа го потврди и директорот на Центарот за анализа на стратегии и технологии во Москва, Руслан Пухов.

Пухов истакна дека најмалку еден од петмината војници на сликата носел пушка АК-74 произведена во Русија, пренесува Гардијан.

МиГ-29 е дизајниран од Советскиот сојуз околу 1970 година за борба против американските борбени авиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e