НАТО: Русија останува главната воена закана за Алијансата

Русија продолжува со „наметлива политика и агресивни активности“, се вели во стратешкиот извештај на НАТО и се додава дека тоа го попречува конструктивниот дијалог, јави Бгнес.

– Русија редовно спроведува вознемирувачки воени операции во непосредна близина на границите на НАТО, се вели во извештајот.

Во документот исто така се истакнува истакна „негативното влијание врз безбедноста на евроатлантскиот регион“ на активностите на Русија во Црното и Балтичкото Море, Арктикот и Источно Медитеранот. Извештајот ја потврдува и „агресијата на Москва“ против Украина и Грузија.

– На долг рок, до 2030 година, Русија веројатно ќе остане главната воена закана за Северноатлантскиот сојуз, се вели во извештајот.

Дипломатите сметаат дека НАТО мора да одржи двонасочен пристап кон Русија, кој се состои и од „воздржаност“ и од дијалог. Исто така, се препорачува Алијансата да остане отворена за дискусија за мирољубива коегзистенција и позитивно да одговори на „конструктивните промени“ во позицијата на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e