Над 900.000 луѓе починале од корона на светско ниво

Според последните податоци, досега во светот со коронавирус се заразени вкупно 29.269.529 лица. Од нив, 929.754 пациенти умреле, а 21.103.105 биле излекувани.

Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани нови 382 случаи на инфекција со коронавирус, што е намалување во споредба со минатата недела, кога бројот на новоинфицирани лица беше над 500, па дури и 600. Во моментов во Австрија има 5.774 активни пациенти, од кои 255 се хоспитализирани, а 47 се на интензивна нега.

Едно лице умре во последните 24 часа, така што бројот на смртни случаи се зголеми на 757. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 33.559 лица се покажаа позитивни на коронавирусот, а 27.010 се излекувани.

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 5.509 нови случаи на коронавирус, што е највисок биланс од крајот на јули.

Во текот на денот умреа 54 пациенти, а сега вкупната бројка на смертни слуЧаи во земјата изнесува 18.635, пренесе Тасс.

Досега се инфицирани над 1,06 милиона лица, а во моментот во земјата се активни 170.985 случаи.

За 24 часа Во Србија се потврдени нови 29 случаи на инфицирани со коронавирус од 5.930 тестирани лица, што е најмал број на новоинфицирани од 2 јуни. Во последните 24 часа нема нови смртни случаи, објавено е на веб-страницата covid19.rs.

Досега во земјуата се тестирани вкупно 1.033.988 лица, а потврдени се 32.437 случаи на инфекција со коронавирус.

Од почетокот на пандемијата во Србија умреа вкупно 733 лица.

Во Црна Гора во последните 24 часа, меѓу 618 анализирани примероци за коронавирус регистрирани се 188 позитивни случаи, а е регистриран и еден смртен случај. Вкупниот број на активни случаи со Ковид-19 во земјата во моментов изнесува 2.190.

Трендот на намалување на бројот на активни носители на коронавирусот во Косово продолжи и во текот на минатиот ден, кога беа регистрирани 150 излекувани и 55 новозаболени. Така, според последните официјални податоци, во земјата има 2.507 заболени од Ковид-19. Според Институтот за јавно здравство на Косово, во земјата досега се евидентирани 14.692 заболени од Ковид-19, а бројката на излекувани изнесува 11.585. Минатото деноноќие починале четворица заболени, со што бројот на жртви на епидемијата достигна до 600.

Во Грција во изминатите 24 часа е регистриран зголемен број смртни случаи од Ковид-19, починаа пет лица, додека пак намелен е бројот на нови случаи, во споредба со претходните денови, односно регистрирани се 180 новозаболени. Од почетокот на епидемијата починаа вкупно 310 лица, а вкупниот број на случаи на Ковид-19 се зголеми на 13.420.

Министерството за здравство на Кипар соопшти осум нови случај на Ковид-19, од 1.960 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.534 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e