Мурашко: Во клиниките во Москва веќе се вакцинирани над 5.500 лица против коронавирус

Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко денеска изјави дека во рамки на тестирањето на вакцината „Спутник V“, на клините во Москва биле вакцинирани повеќе од 5.500 лица.

-Фазата на тестирања по регистрацијата е во тек, рече Мурашко на средбата со претседателот Владимир Путин и членовите на руската Влада, пренесе Тасс.

Русија на 11 август ја регистрираше првата вакцина во светот против новиот коронавирус. Вакцината ја разви Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ на руското Министерство за здравство, а нејзините клинички испитувања биле успешно завршени во јуни и јули.

Вакцината е изработена врз платформа што се користела за низа други вакцини. Според руското Министерство за здравство, овие вакцини ја докажале нивната способност да создадат траен имунитет во период до две години.

Руските медиуми јавуваат дека уште две други вакцини против коронавирус во моментов се во фаза на клинички испитувања во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e