Меркел до Германците: Намалете контакти и патувања

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати порака до своите сонародници да ги ограничат социјалните контакти и да го намалат патувањето на минимум, откако беше потврдено најголемото дневно зголемување на бројот на нови пациенти заразени со Ковид-19 во државата.

Доколку граѓаните на Германија не ги намалат своите контакти, „сите заедно ќе се соочиме со големите предизвици што овој вирус ги претставува”, рече канцеларката.

Иако не е погодена од пандемијата како и некои други европски земји, дневниот пораст на бројот на нови инфекции во Германија продолжува да расте. Минатата недела, Германија за првпат објави дека вирусот е потврден кај повеќе од 10.000 луѓе за еден ден, а денеска тој број беше 14.714, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e