Кинески експерти предупредуваат да не се вакцинираат постарите лица со Фајзер

Кинески експерти во областа на здравството повикуваат да се прекине употребата на вакцината против коронавирус од компанијата Фајзер на постари лица поради смртни случаи во Норвешка, соопштил кинескиот медиум „Глобал тајмс“.

„Кинески експерти во областа на здравството ја повикаа Норвешка и другите земји да ја прекинат употребата на mRNA-вакцини против коронавирус произведени од компании како што е Pfizer, особено кај постарите лица. Ова барање е предизвикано од сомневања за безбедноста на овие вакцини во врска со смртта на 23 постари Норвежани кои ја примиле вакцината“, пренесува медиумот повикувајќи се на интервјуираните експерти.

Како што наведува медиумот, според кинески имунолог, новата вакцина заснована на mRNA била развиена брзо и никогаш во голема мера не била користена за спречување на заразни болести, а нејзината безбедност не е потврдена со широката употреба во вакцинацијата на луѓето.

Кинеските експерти истакнуваат дека смртните случаи треба внимателно да се анализираат за да се утврди дали смртта е предизвикана од вакцините или од некои хронични болести.

Од своја трана, вирологот од Универзитетот во Вухан, Јанг Жанци, рекол дека ако се докаже дека смртните случаи биле предизвикани од вакцините, тогаш ефикасноста на вакцините Фајзер и другите mRNK вакцини нема да биде толку висока како што се очекуваше, бидејќи примарна цел на вакцините засновани на mRNK е – лечење на пациентите.

Претходно беше објавено дека во Норвешка починале 23 лица после примање на вакцината од американската компанија Фајзер и германскиот стартап Бионтек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e