Израел воведува тринеделен карантин

Израел од денеска воведува тринеделен карантин поради тоа што бројот на заразени со новиот коронавирус не се намалува со месеци.

Новите мерки подразбираат затворање на многу фирми, строго ограничување на јавните собири, додека луѓето ќе можат да се движат на еден километар од нивните домови.

Карантинот се воведува за време на еврејската Нова година, кога граѓаните ги посетуваат своите семејства и се собираат на големи молитвени служби.

Во синоќешното обраќање премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека можеби ќе бидат потребни построги мерки за да се спречи преоптоварувањето на болниците.

Во Израел има над 46.000 активн случаи, а најмалку 577 се хоспитализирани во тешка здравстена состојба. Од последици од Ковид-19 вкупно починале 1.169 луѓе.

Израел е помеѓу земјите со нај голем број на заразени со новиот коронавирус во однос на бројот на жители. Сега се пријавуваат околу 5.000 новизаразени дневно.

Израелските власти пролетта меѓу првите воведоа строга блокада, ги затворија границите и фирмите, што во мај доведе до намалување на бројот на новозаразени само а неколку десетина лица дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e