Грците кои се вакцинираат добиваат потврда за олеснување на движењето и патувањето

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, најавувајќи го издавањето на дигитален сертификат за вакцинација против Ковид-19, денеска нагласи дека станува збор за потврда која ја добиваат оние граѓани кои се вакцинираат, но дека тоа не значи ограничување, туку дополнително олеснување за движење и патување.

Истовремено, Мицотакис уште еднашго повтори својот предлог до Европската Унија за единствен сертификат во согласност со европските стандарди. Дебатата во однос на ова прашање треба да започне денеска на Самитот на ЕУ.

-Ова не е ограничување, но ќе ни олесни да се ослободиме од ограничувањата што во моментот ги наметнува коронавирусот за патување на европските граѓани. Тоа е нешто што ќе значи особено за нашиот туризам и перспективите на нашата економија, пред сè, пред летната сезона, потенцираше грчкиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e