Германија: Автомобил удри во луѓе, загина дете

Едно 12-годишно момче загина, а неколку лица се повредени кога автомобил денеска удри во група луѓе во градот Кемпен во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Главната детективка од полициската управа во областа Фирзен, Антје Хејманс за „Билд“ изјави дека засега нема докази дека возачот намерно удрил во луѓето.

До несреќата дошло кога возачот, Германец од Кемпен, од непозната причина околу 16:35 часот излетал од пат и удрил во група луѓе на тротоарот и на велосипедска патека.

Мајката на повреденото момче (39) и друг пешак (43) се тешко повредени во несреќата и со хеликоптер се пренесени во болница.

Според полицијата, возачот и уште едно двегодишно момче се здобиле со полесни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e