Бугарија го објави планот за вакцинирање, вакцините бесплатни

Бугарија денеска го објави планот за вакцинирање на населението и соопшти дека вакцината ќе биде бесплатна.

– Први кои ќе ја примат вакцината се лекарите, медицинските сестри, стоматолозите и фармацевтите, рече министерот за здравство Констандин Ангелов.

По нив, ќе се вакцинираат наставниците, луѓето во домовите за стари лица и работниците на фармите со визони, потоа социјалните работници и лицата над 65 години.

– Секој Бугарин кој сака да се вакцинира ќе има можност да го стори тоа бесплатно, додаде Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e