Балтичките земји бараат нови ЕУ санкции кон Русија поради апсењето на Навални

Литванија, Летонија и Естонија бараат министрите за надворешни работи на ЕУ следниот понеделник да разговараат за воведување нови санкции кон Русија, по синоќешното апсење на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис

-Нашата цел е да имаме конкретна дискусија за санкциите што ЕУ може да ги воведе за притворот на Навални. Очигледно е дека Москва продолжува да го напаѓа опозицискиот лидер и ЕУ мора да биде подготвена да реагира цврсто, рече Ландсбергис, цитиран од британските медиуми.

Навални денеска е изведен од полициската станица, каде ноќта ја мина во притвор, откако синоќа беше уапсен на московскиот аеродром на враќање од Берлин, каде од летово беше на лекување по труењето со нервниот агенс „Новичок”.

Трите балтички држави уште синоќа, кога Навални беше уапсен, повикаа на „воведување ограничувачки мерки против Русија”.

-Бараме Навални под итно да биде ослободен, рече синоќа Ландсбергис, додавајќи дека притворот на Навални е „целосно неприфатлив”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e