Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100 милиони Американци во првите 100 дена од неговиот мандат.

Tој најави дека ќе нареди зголемување на производството на опрема потребна за забрзување на процесот на вакцинација против Ковид-19.

Планот на Бајден подразбира отворање илјадници центри за вакцинација во кои пензионирани лекари ќе ги вакцинираат наставниците, вработените во продавниците, повозрасните од 65 години и останатите категории кои се меѓу првите во редот за имунизација.

Во перод во кој заразата многу брзо се шири низ САД, Бајден вети дека во борбата со Ковид-19 ќе биде подобар од актуелниот претседател Доналд Трамп.

Бајден власта ја презема в среда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e