Австрија забрани да се носат визири, не штитат доволно од коронавирус

Во Австрија стапија на сила нови мерки за заштита и сузбивање на коронавирусот, а една од нив е забраната за носење визири.

Официјалните лица проценија дека маските кои добро се прилепуваат на лицето се единствената соодветна мерка за заштита во сите затворени простории, додека другите заштити за лицето и носот не се доволни.

Причината за забрана на визирите и мини визирите кои стојат на брадата и ја покриваат устата и повеќе или помалку носот и кои најчесто ги носат вработените во ресторани и продавници, се студиите кои наведуваат дека овој вид на покривка не е доволен за да се спречи ширењето на аеросоли во споредба со класичните маски кои добро се прилепуваат за устата и носот.
Механичките средства за заштита како што се визири или мини визири се покажаа несоодветни во спречувањето на ширење на Ковид-19 и мора да бидат забранети“, се вели во соопштението на австриските власти.

Луѓето кои не можат да носат маски од здравствени причини ќе бидат изземени од ова правило.

Американска студија објавена во септември покажа дека од сите маски“, визирите обезбедуваат најмала заштита од коронавирусот.

Германскиот институт Роберт Кох исто така издаде соопштение во кое се наведува дека употребата на визири не може да биде алтернатива за покривање на устата и носот, бидејќи постојните студии покажуваат дека визирите не апсорбираат секретирани респираторни капки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e