9-месечно бебе настрада во инцидентот во Германија: Возачот бил пијан

Најмалку четири луѓе загинале, а околу 30 се повредени кога со џип влетал во пешаци среде пашечка зона во германскиот град Трир.

Полицијата потврдила дека четири лица починале, а десетици биле повредени, многумина потешко. Најмалата жртва имала девет месеци, а најстарата 73 години.

За нападот е уапсен 51-годишен Германец. Мотивот не е познат, но полицијата објави дека тој бил пијан во моментот на нападот и дека живеел во автомобилот последните неколку дена.

Возачот до пред неколку години живеел во Зеве, предградие на Трир. Неговиот поранешен сосед вели:

“Тој беше љубезен со сите, но можев да го слушнам како вика и се расправа. Тој е непредвидлив по природа”, изјави тој.

Полицијата на прес-конференција објави детали за нападот.

“Во вторникот попладне, 51-годишен маж влета со луѓе во пешачката зона со својот џип. Возилото удри неколку минувачи. Четири лица починаа, неколкумина беа тешко повредени. Една од жртвите е мало дете. Возачот беше запрен од полицијата четири минути откако Брзата помош пристигнала на местото на настанот. За време на апсењето, возачот пружал жесток отпор.

51-годишникот е уапсен и е испрашуван. Нема информации за мотивот за нападот.

Најмалата жртва имала 9 месеци, најстарата 73 години “, соопшти полицијата.

Возачот немал кривично досие. Тој последните неколку дена живеел во џипот, а за време на нападот бил пијан, со 1,4 промили алкохол во крвта. Полицијата соопшти дека мотивот за нападот не бил ниту политички, ниту религиозен.

Меѓу жртвите, заедно со деветмесечното бебе, има и 25-годишна девојка, 45-годишна и 73-годишна жена.

Според државниот правобранител Питер Фрицен, постојат индиции дека на возачот неодамна му била дијагностицирана ментална болест и бил во алкохолизирана состојба за време на злосторството.

Министерот за внатрешни работи на сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, Роџер Левенц, објасни дека возачот намерно сакал да убие што е можно повеќе луѓе, бидејќи се покажало дека возел лево-десно заради ликвидација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e