ВМРО е денес терористичка организација

ВМРО ДПМНЕ под раководство на Груевски е претворена од партија во терористичка организација. Таа мора таков статус и третман да добие од меѓународната јавност и да биде ставена на сите листи на терористички организации.
Во моментов таа со терористички акти и закани ги држи државните институции под окупација.
Само со апели да ги почитува Уставот и Законот ништо нема да се постигне.
Тие се во моментов наоружана банда која само со организирана сила и со меѓународна подршка може да биде спречена да продолжи со окупацијата на институциите, со убиства и со ликвидација на сведоци и докази.
Време е и некои членови од високото раководство на таа организација тоа да го видат и да се спротистават отворено со свикување на вонреден конгрес на кој ќе биде отстранет Груевски како главен лик кој ја трансформира партијата во терористичка организација.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e