Само политичар кој се откажал од иднината и од младите зборува за тоа кој ќе ја замени

Не знам што е пострашно.
Тоа што премиер на држава јавно признава дека младите продолжуваат да си заминуваат, или тоа што го стимулира ова иселување.
„Ако младите си заминат, нивното место ќе го заземат луѓе од трети земји“, тврди Мицкоски.
Па нели до вчера неʼ убедуваше дека Македонија се менува? Дека економијата цвета? Дека младите остануваат? Дека почнале дури и да се враќаат?
Што се случи во меѓувреме?
Од оваа изјава на Мицкоски јасно е дека ни самата власт веќе не верува во сопствената пропаганда.
Затоа што државник кој верува во иднината на својата држава зборува за тоа како да ги задржи младите. Како да им обезбеди подобри плати, подобро образование, подобро здравство, подобри можности.
Само политичар кој се откажал од иднината и од младите зборува за тоа кој ќе ја замени.
Кога беа во опозиција, со години ја плашеа јавноста со приказни за мигранти, односно дека “ СДСМ ќе донесе милион африканци во земјава”, дека има демографски закани и опасности по државата.
Вчера мигрантите беа закана.
Денес се решение.
Вчера се градеа политички кариери на страв од „туѓинци“.
Денес премиерот отворено зборува дека тие ќе го пополнат местото на младите Македонци кои заминуваат.
Па што е вистината?
Дали младите навистина се враќаат, како што тврдеше власта?
Или Мицкоски ги прави финалните подготовки за увоз на работна сила затоа што не успеа да ги задржи во државата сопствените граѓани и затоа што договори кредити со таква “камата”
Ова не е економска стратегија.
Ова е признание за пораз.
Затоа што успешна држава не се гради така што ќе се помириш дека твоите деца ќе си заминат.
Успешна држава се гради така што ќе направиш сѐ тие да останат.
А Мицкоски денес не зборува за тоа како да ги задржи младите.
Тој зборува за тоа како да ги замени.
ФБ став на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e