Пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски кој е во посета на Брисел и Стразбур на покана на ЕУ, имаше уште еден интензивен ден во Европскиот парламент.

Како што информира тој, особено значајна била средбата со Thomas Byrne TD, министер за европски прашања и одбрана на Ирска – земјата која штотуку го презеде претседавањето со Советот на Европската Унија 
#EU2026IE


“Денот продолжи со суштински разговори за нашата европска иднина, преку средби со голем број европратеници:
– Thomas Waitz (Австрија), известувач за Северна Македонија,
– Тијс Ројтен (Холандија), од нашата сестринска Socialists and Democrats Group in the European Parliament,
– Reinhold Lopatka (Австрија)
–, Șerban Dimitrie Sturdza (Романија) како и Ивајло Валчев, Кристијан Терхеш, Богдан Жонца и Карло Чичоли.
Се сретнавме и со раководители на структурите на Европскиот парламент задолжени за проширувањето и Западен Балкан.” – изјави Николовски.





Во време кога се бара инвестирање во комуникацијата и градење доверба и партнерства со секоја една земја членка, секоја средба е чекор поблиску до нашата европска иднина. 

