И фискални сметки бадијала ќе скенирате – За две години владеење Македонија ја задолжија со нови ДВЕ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА

За две години владеење Македонија ја задолжија со нови ДВЕ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА. Премиерот и министерката за финансии признаа дека буџетот е празен, исто како што е празен Пензискиот фонд каде буџетската дупка достигна ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА.
📌 И фискални сметки бадијала ќе скенирате, оти апликацијата „МојДДВ“ е недостапна. Зад смешниот изговор на УЈП за „техничка надградба на системот“ се крие еден „мал“ проблем – НЕМА ПАРИ! Исто како што нема пари за поврат на ДДВ за фирмите на кои државата им ДОЛЖИ 200 МИЛИОНИ ЕВРА.
📌 НЕМА ПАРИ ни за повисоки плати и пензии, за социјална помош и надоместоци за ранливите категории на граѓани, за (до)изградба на автопати и капитални инфраструктурни проекти.
📌 Можете да бидите индиферентни кон „небулозата“ зошто поповина министри и пратеници од ДПМНЕ имаат бугарски пасоши и фирми кај источниот сосед, а од петни жили се против внесување на Бугарите во Устав.
📌 Може да не ве интересираат причините за спрегата на власта со судско-обвинителската фела, синдикатите, стопанските комори и големите газди, па наместо излегување од комфорната зона и губење време со вакви „банални“ теми – безгрижно и до бесвест пејте ја Заветна.
👉 Ама, сепак, имајте предвид дека полека се остварува “пророштвото“ на унгарскиот бегалец и клептоман, идеолошкиот гуру на актуелната владејачка банда дека „еден ден сите пари ќе бидат потрошени“. А тоа значи само едно: веројатноста дека НЕМА ДА ИМА ПАРИ ЗА ПЛАТИ И ПЕНЗИИ станува сосема извесна!
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e