ПРОСЛАВА НА ЛУДОСТА – така требало ДПМНЕ да ја крсти синоќешната партиска збиранка во Струмица.
Оти ако во двегодишното владеење на трипартитната коалиција Македонија ги доживува најголемите порази, граѓаните рапидно осиромашуваат а функционерите на владејачките партии енормно се богатат, секоја помисла на славење на непостоечки успеси се граничи со лудило!
Зарем некој мисли дека Мицко брцнал во сопствениот џеб, дека со свои или партиски пари ја платил синоќешната небулоза?
Автобуси, сендвичи, музичари, бина, озвучување… сето тоа е платено со наши пари преку „црните фондови“ создадени од наместени тендери во локалните самоуправи и јавните претпријатија.
Стотици илјади евра измолкнати од нашите џебови за славење на нивното лудило!
Ги вратија во игра подзаборавениот партиски “утовар-растовар“ туризам, списоците со административци, митингашките говори, лажниот патриотизам, измислените домашни и надворешни непријатели.
Во обраќањето до широките народни маси егзалтираниот лидер “грми“: и по цена народот корени да јади тој за ништо живо нема да прифати никакви и ничии уцени, опозицијата по седми пат го продава идентитетот, Финска и Шведска се запрепастени од покажаниот степен на демократски капацитет, Германија и Франција ни завидуваат на галопирачките економски успеси…
Во периметарот на власта – само небото ни е граница!
Другата страна на медалот кажува нешто друго: државата забрзано чекори кон пропаст, со скапи кредити забрзано ја задолжуваат државата, ортаците на Меџити забрзано градат дивоградби во Чаир а Лигња и бате Саше на брегот на Охридското Езеро, граѓаните забрзано ја губат надежта во подобро утре, секој втор млад човек забрзано се спрема да ја напушти државата, зачестените порази забрзано ги славиме како победи!
За злосторничкото здружување времето како да застанало – се’ е исто, само него го нема!
ФБ став на Зоран Милошески
